header image
НАСЛОВНА СТРАНА arrow ПИСМА ПОСЕТИЛАЦА arrow Одговор Дарку из Македоније
Одговор Дарку из Македоније Штампај Е-пошта
петак, 24 децембар 2021

 Помаже Бог,

Прочитао сам писмо брата Дарка С. из Македоније (овде:), па како сам одрастао у Македонији и још увек сам држављанин те земље, одговорио бих на македонском. Ако мислите да има смисла, ви објавите. У оквиру текста на крају додајем линк о настанку МПЦ, надам се да је то у реду са вама. У наставку је одговор који почиње цитатом. Свако добро вам желим!

„Зрелије и у љубави још једном размислите о поступку који сте учинили стварањем раскола у светој Цркви Божјој и одговорности коју сносите за то. Приступите ревизији учињеног и вратите се на пут светих канона, који вековима регулишу поредак у Цркви, и повежите се поново са својом канонском Мајком Црквом, да бисмо и даље у љубави и јединству заједно могли служити Богу нашему и славити свето име Његово.“ (из дела писма Патријарха српског Германа упућеног тадашњем Митрополиту македонске цркве у расколу Доситеју).

Почитуван брате Дарко,

Мило ми е да видам дека верниците од разни краеви читаат информации на различни портали со цел да се дојде до одговор за сегашните случки во светот. И секако, треба најпрвин верниот народ да биде полн со љубов и да се труди во борбата со своите страсти, да се всадат во нас доблестите и да гледаме кон Христа сите заеднички, со надеж дека по овој земен живот ќе се сретнеме со Него во вечниот живот. 

Но секако, како човек кој е роден во Македонија, сакам да го поделам со тебе моето мислење кое од најискрено од срце нема никакви лоши намери како одговор кон тебе. 

Денеска за една иста случка постојат неколку историски верзии и секому е дозволено да пишува како сака. За косовската битка, на пример, денеска дури во Приштина и Тирана ќе слушнеш „факти" дека таа битка не припаѓала на Србите и дека Милош Обилиќ не е Србин, туку Шиптар. За некој странец што ќе прочита таков податок, тој може да стане за него вистина. Но, дали тој стои во вистината?

Доколку човекот сака да дознае што е раскол во Православната црква, може да пронајде релевантни податоци. Исто така, доколку сака да дознае колкав е теретот на расколот, многу тоа е веќе напишано. Кој ја создал МПЦ Охридска архиепископија? Секако, Бог. А кој допуштил раскол во црквата? Секако, и до расколот дошло по Божја дозвола, но не поради тоа што денешната МПЦ не пребива во раскол, туку поради идеологијата на комунизмот во која, за жал, нашиот народ многу учествувал. Сето тоа мислам дека се случува поради тоа што Бог бил отфрлен. Сега ја плаќаме цената на тие случки од тоа сите заедно.

Прашуваш: „Дали е МПЦ канонска тоа знае само БОГ и ние Македонците кои го осеќаме неговото присуство". Ако е така, секој може да се повикува на лично доживување на верата и да даде таква констатација. Дури и сатанистите имаат свое доживување на верата, но дали тоа ги води кон спасението? Дали МПЦ е канонска? Ти препорачувам да го истражиш овој проблем во повеќе извори и да дојдеш до заклучок. Еден извор (линк) е даден од моја страна на крајот на мојава објава. Ќе наведам сега само еден цитат од Архимандритот Рафаил Карелин:  У расколничкој средини свагда је некакво неспокојство, узрујаност, свагда трагање за туђом неправдом. Црква се бори против демона, а раскол, ни сам то не схватајући, бори се против човека.“

Констатираш: „Доволно направи штета Етнофилетизмот". Точно, но кој во ситуацијава пребива во етнофилетизам? Ајде да видиме пошироко кој го наметнува етнофилетизмот, па кога ќе согледаме од каде доаѓа, лесно тој ќе замине.

Велиш: „Народот знае кој е Цариградскиот патријарх Вартоломеј, народот добро го знае секој Архијереј, Владика и Свештеник, но народот сака друго, сака љубов, сака подадена рака, сака поткрепа и помош." Се сложувам дека секој што ги следи постапките на Патријархот Вартоломеј може да констатира дека благодарејќи на него дојде до нов раскол во Украина и дека многу постапки водат до одговор за каков човек станува збор. Познавајќи го по постапките, дали можеме да се сложиме дека тој истото може да го направи и за МПЦ и дека народот во Македонија ќе биде воодушевен од таа постапка на евентуално признавање на автокефалија, мислејќи дека проблемот е решен? Владиките на МПЦ мислам дека не дојдоа на права адреса за дијалог околу надминување на расколот, но отидоа уште чекор подлабоко кон расколот со преговорите во Цариград. А пред тоа во Бугарија, повикувајќи ја како своја „мајка црква" за помош. Ќе ги повторам зборовите: „свагда је некакво неспокојство, узрујаност, свагда трагање за туђом неправдом."

Но, без оглед на состојбата во црквата од стана на човечкиот фактор, на кого највеќе му одговара расколот и воопшто ваквата состојба во црквата? На непомјаникот. Кои се средствата против него? Се сложувам со тебе „да се возљубиме еден кон друг, да се помогнеме и сите заедно да се Спасиме." Да подадеме рака еден код друг, но подавањето без решавање на вистината не е искрено подавање, туку лага и премолчување на проблемот. 

Црквата не е преспански договор, со географска одредница да се надмине проблемот со соседот во политичка смисла за да бидеме прифатени во воен сојуз. Затоа, потребно е да се сака да се пронајде проблемот и да се реши тој, пред се народот да се освести дека само верата може да го води во права насока. Таа вера која скоро сите ја отфрливме поради многу погубни идеологии кои не донесоа до овој степен на денешнината. Доколку и народот и црквените достојници дојдат до спознание на проблемот, тогаш во потполност ќе можеме да кажеме дека Охридската Архиепископија е вистински по Божја волја наша.

Линкот кој го спомнав пред малце дава доста одговори на твојата тема: Кој ја создал МПЦ Охридска архиепископија - Се надевам дека ќе дојдеш до некои заклучоци:

https://svetosavlje.org/makedonska-pravoslavna-crkva/4/

Со желба сите да се сретнеме на исто место еден ден, праќам најискрени братски поздрави до тебе. Прости ми ако било кој дел од објавава те навредува, но како што кажав - навистина ни на момент немав таква цел. Споделив искрено мислење со тебе.

Владимир Ј.

Последњи пут ажурирано ( петак, 24 децембар 2021 )
 
< Претходно   Следеће >

Србска Православна Црква

Serbian Orthodox Church

УВОДНА РЕЧСАОПШТЕЊАКОНТАКТПРЕТРАГА
Тренутно је 25 гостију на вези
ОБАВЕШТЕЊА

ПОДРЖИТЕ РАД "БОРБЕ ЗА ВЕРУ

 

"Тешко је замислити хришћанина да под оваквом претњом може бити неутралан, а два пута теже замислити православног Србина, да може стајати по страни и безучасно посматрати борбу између крстоносаца и крстоломаца. Бити неутралан,  није одлика српског народа".
Свети Владика Николај


© www.borbazaveru.info. Сва права задржана.