header image
НАСЛОВНА СТРАНА
Писмо из Македоније - антиекуменистичка организација Св. Марко Ефески Штампај Е-пошта
петак, 01 фебруар 2013

Почитувани браќа во нашиот Господ Исус Христос.

Секогаш кога читаме ваши статии и текстови коишто се против модернизмот и екуменизмот, се радуваме и искрено се молиме, и во иднина Милостивиот Бог да ви дарува ум и сила да продолжите со објавување на текстови неопходни за вашата и наша антиекуменистичка борба. Живееме во едно тешко време во коешто силите на злото се обединија против нашата света православна вера. Затоа, и ние, некои православни верници од Македонија, формиравме антиекуменистичка организација која се бори против модернизмот и екуменизмот во Македонија.

Со внимание ги прочитавме текстовите на почитуваните наши брака во Христа  Владимир Димитриевич и отец Виктор. Братот наш Владимир и е добро познат на нашата православна македонска јавност со своите многу текстови против модернизмот и екуменизмот, додека отец Виктор, искрено, не го знаеме, изгледа е нов монах. За жал, малку сме разочарени од нивните текстови и не можеме целосно да се согласиме со нив. Не сакаме длабоко да навлегуваме во нивната содржина, зашто и двајцата ги почитуваме и за нив искрено се молиме. Само сакаме да дадеме еден поинаков поглед на нештата, едно поинакво размислување согласно со светото Евангелие и Светите Отци. Не се согласуваме со братот Владимир за неговото толкување на историјата дека народот којшто денес живее во Македонија е српско, а исто така и не се согласуваме со отец Виктор дека православниот народ во Македонија е со бугарски корени и потекло. Доколку некој се чувствува како србин или бугарин е негово лично чувство, но не треба тоа да го наметнува на сите. Искрено ги љубиме сите, и Србите, и Бугарите, и Грците и.т.н., во нашиот Господ Исус Христос и искрено веруваме дека пред Господа нема ни евреи, ни хелени, туку сите православни сме едно стадо во Црквата Христова, со еден Пастир нашиот Господ Исус Христос. Нормално, Бог благословил да се родиме во земји како Грција, Србија, Бугарија, Русија, Македонија и.т.н., но не треба да ги ставиме во преден план македонштината, српството, бугаризмот, хеленството и.т.н, туку треба да сфатиме деки сите ние сме браќа во Христа и не треба да се мразиме и омаловажуваме, туку искрено да се љубиме и да се обединуваме, бидејќи непријателот на нашето спасение- ѓаволот, ги измисли национализмот и етнофилетизмот, со цел да не држи во ропството на омразата и непријателството, а ние добро знаеме и сме добро поучени од нашиот Господ Исус Христос дека по љубовта ке не познаат дека сме Господови ученици, а не по омразата и непријателството. Господ ни заповеда да се љубиме еден со друг, а ние што правиме? Жалосно! Навистина тажно! Се трудиме да се покажеме како добри македонци, срби или бугари, а не како вистински православни христијани. И ете, повторно навлеговме длабоко во толкувањето на историјата, и со тпоа што добивме?- ништо. Ве замолуваме:помалку даа бистрите историја и политика а повеќе молитва и покајание. Зарем не гледате дека од сите страни сме окупирани:мухамеданците ни ја земаат земјата, масоните ни ја зедоа држава, и што е најтешко влегоа и внатре во Црквата, а уште потешко и пожалосно е тоа што еретиците се зацарија внатре во Црквата Божја и почнаа да го протеруваат верниот православен народ. А ние што правиме? Дискутираме историја а ете можеби ќе не снема како православни. Да, пеколот нема да ја победи Црквата, но тоа не значи дека поедини православни помесни цркви нема да ги снема. Да се вразумиме и да се обединиме против еретиците кои сите наши несогласувања многу вешто ги користат. 

Драги браќа и сестри во Господа!

Живееме во едно многу тешко и лукаво време во кое сите православни мораме да се обединиме во православната борба против религијата на антихристот-екуменизмот, страшна ерес која како што вели Св.Јустин Келијски е сеерес. Состојбата во СПЦ е многу тешка, а исто така и во МПЦ. Затоа, ајде да се обединиме против ереста и да ја сочувама нашата Света Помесна  Црква неосквернета и со неизвалкана облека од оваа гнасна ерес. Да се љубиме, а да не се мразиме. Тоа е заповедта Божја. За тоа и ние се бориме. Се надеваме дека ќе не разберете, и се надеваме дека ова наше писмо полно со љубов и болка ќе биде објавено.

антиекуменистичка организација

Св. Марко Ефески

Последњи пут ажурирано ( петак, 01 фебруар 2013 )
 
< Претходно   Следеће >

Србска Православна Црква

Serbian Orthodox Church

УВОДНА РЕЧСАОПШТЕЊАКОНТАКТПРЕТРАГА
Тренутно је 33 гостију на вези
БЕСПЛАТНЕ РЕКЛАМЕ И ОГЛАСИ ПРИЛОЖНИКА САЈТА

ОБЈАШЊЕЊЕ:
ОВДЕ:

ПОДРЖИТЕ РАД "БОРБЕ ЗА ВЕРУ"

 

 + + +

 ОНЛАЈН ПРОДАЈА ГАРДЕРОБЕ

„ТЕШКЕ БОЈЕ“


© www.borbazaveru.info. Сва права задржана.