Браќа и Сестри Срби, Во иста позиција и во иста борба сме сите Православни Христијани, а тоа е да посведочиме сите за Христа Спасителот, да се Спасиме сите заедно.
И Вас и Нас Македонците БОГ Благословил да сме ова што сме денес. Христос не прифатил и нас и тој не створил во оваа црква кој ја гледате, за жал денес претставена од такви какви што се Владици, Свештеници и Монаси.....не многу поразлични од вашите во Србија. БОГ ДА ПРОСТИТ НА СИТЕ, пред се на мене грешниот. Дали е канонска тоа знае само БОГ и ние Македонците кои го осеќаме неговото присуство. А истото тоа важи и за Вас Србите, Грците, Русите, Бугарите и сите други. Доволно направи штета Етнофилетизмот, да не дозволиме повеќе да не дели, признати, непризнати, МПЦ ја создал Удба и слично....све е допуштено од БОГ, тој најдобро знае за сите нас. Да се соединиме сите околу Христос Спасителот, да се покајме и да се молиме за наше Спасение. Ни претстојат големи предизвици, искушенија и борби, а заради тоа ни треба единство, љубов, соборност и вистинско покајание. Немаме прави Архијереји, Владици кои би не воделе низ овие искушенија, затоа Ве молам бидете внимателни на секоја провокација, да останеме смирени, трпеливи и да го Исповедаме Христос Спасителот онака како тој сака. Народот знае кој е Цариградскиот патријарх Вартоломеј, народот добро го знае секој Архијереј, Владика и Свештеник, но народот сака друго, сака љубов, сака подадена рака, сака поткрепа и помош. Ради све тоа да се возљубиме еден кон друг, да се помогнеме и сите заедно да се Спасиме. Сите ќе застаниме пред страшниот Христов Суд и првиот последен ќе е и последниот прв ќе е. БОГ не прифатил и БОГ не признал и на нас грешни Македонци и не сака подеднакво на СИТЕ. Ве сакам браќа и сестри на Сите. ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС Е И ЌЕ БИДЕ. +++АМИН+++ Дарко С. |